Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман го објави списокот на фудбалери за пријателските натпревари – гостувањето на Франција на 23 март и против Холандија дома три дена подоцна.
Во тимот се враќаат ветераните Мануел Ноер и Тони Крост. 37-годишниот голман последен пат играше на Мундијалот 2022, а потоа имаше тешка повреда и отсуствуваше долго време. А халфот на Реал Мадрид се враќа по три години, последен пат играше во поразот од Англија со 0:2 во осминафиналето на ЕП 2020.
Има и шест дебитанти. Најљубопитно име е 19-годишниот халф на Баерн, Александар Павловиќ. Потоа триото на Штутгарт, Дениз Ундав, Валдемар Антон и Максимилијан Мителштет, потоа офанзивните играчи на Хофенхајм и Хајденхајм, Максимилијан Бејер и Јан-Никлас Бесте.
Штутгарт покрај споменатото трио има уште еден играч во националниот тим на Германија, а во тимот се враќа крилото Крис Форих.
Леон Горецка не е повикан, во составот ги нема уште Тимо Вернер и Матс Хумелс.