Драма во Чаир, но не кошаркарска…Наместо интересен натпревар, дуелот меѓу Чаир и МЗТ Скпопје е прекинат на полувремето. Истиот нема да се доигра, откако еден од помошните тренери на актуелниот првак бил физички нападнат. Пред да влезе во соблекувалната бил неколку пати удрен, во тој хаос едвај избегал.
И не само ова. Според информациите, поточно жалбата на МЗТ Скопје, целиот тим добил закани на патот кон соблекувалната, во која потоа влегле и претставници на Чаир, кои исто им се заканувале на сите дека ќе добијат ќотек.
Сето ова било доволно за да тимот на МЗТ Скопје да остане во соблекувалната и да не се врати на теренот стравувајќи за нови напади.
Инаку, резултатот на полувремето е 44-42 во корист на гостинската екипа.
Во јавноста се огласи и МЗТ Скопје, но многу кратко, сите детали ги најави за утре.