Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше уништен по поразот од Атлетико Мадрид на пенали, кога неговиот тим испадна од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова беше прв пораз за италијанскиот тим во последните 14 натпревари, но беше доста болен. Тренерот призна дека неговиот тим не е навикнат да губи и дека ќе биде тешко да се проголта тоа што се случи.
„Очигледно сме разочарани од сите поврзани со Интер. Треба да бидеме горди на нашиот настап во Лигата на шампионите. Можевме подобро во вториот дел. Потоа во продолженијата имавме повеќе енергија, но за жал направивме премногу грешки. По голот на Димарко работите се чинеше дека беа во наши раце, но тие брзо израмнија што им даде дополнителна енергија и самодоверба. Во тоа помогнаа и навивачите. Требаше да бидеме подобро во тој момент и да го задржиме водството подолго“, смета Инзаги.
Тренерот на Интер вели дека не може да им се налути на играчите.
“Не сме навикнати да губиме. Разочарани сме бидејќи при вкупни 2-0 по голот на Димарко, требаше да делуваме поцврсто во одбраната. Свесни сме дека малите детали ја прават разликата и на ова ниво се може да се случи. Не можам да им се лутам на моите играчи, тие треба да бидат горди на постигнатото“, додаде специјалистот.