ЛЕ и ЛК: “Тумба“ ги чека Ристовски и Динамо, тимот од Загреб е на чекор до 1/4 финале!

262

Вечерва се играат сите реванш мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Севкупните победници ќе се пласираат во следната фаза, а ждрепката за 1/4 финалето ќе се одржи во Нион утре попладне.

Секако дека за нас, и поради Стефан Ристовски, најинтересно ќе биде на средбата ПАОК – Динамо Загреб кој се игра вечерва во Солун, на злогласната “Тумба“, каде фановите на овој тим, како и секогаш, најавуваат пеколна атмосфера.

Модрите“ ги чека пекол, но тие имаат 0:2 од првиот меч што значи дека се на чекор до следната фаза. Ристовски е најавен како сигурен стартер, а познато дека Динамо оваа пролет во Европа игра без својот капитен Аријан Адеми.

ЛИГА ЕВРОПА -1 /8 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ

ВЕЧЕРВА 18:45 Ч

Ренџерс – Бенфика (2:2)

Славија Прага – Милан (2:4)

Виљареал – Марсеј (0:4)

Вест Хем – Фрајбург (0:1)

ВЕЧЕРВА 21:00 Ч

Аталанта – Спортинг (1:1)

Леверкузан – Карабах (2:2)

Брајтон – Рома (0:4)

Ливерпул – Спарта Прага (5:1)

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – 1/8 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ

ВЕЧЕРВА 18:45

Фенербахче – Ројал Унион (3:0)

Фиорентина – Макаби Хаифа (4:3)

ПАОК – Динамо Загреб (0:2)

Викторија Плзен – Сервет (0:0)

ВЕЧЕРВА 21:00 Ч

Астон Вила – Ајакс (0:0)

Клуб Бриж – Молде (1:2)

Лил – Штурм (3:0)

Макаби Тел Авив – Олимпијакос (4:1)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноСимеоне во екстаза по победата: Им се восхитувам на нашите навивачи!
СледноЈа одби Србија за да игра за Белгија, но доби „рампа“ од ФИФА