ЛЕ: Ливерпул како машина, Шик со два гола во судиско продолжение го воскресна Баер (Л)

300

Ливерпул на Јирген Клоп со уште една монструозна партија ја декласираа Спарта Прага и во реванш мечот од осминафиналето на Лигата на Европа. На „Енфилд“ вечерва на оние 5:1 од првиот меч во Чешка, Ливерпул придодаде победа од 6:1 со која ја потврди доминацијата и најави дека е сериозно решен да оди и на трофејот во ова европско натпреварување.

Два гола за Ливерпул постигна Гакпо, а по еден Нуњез, Салах, Кларк и Соболслаи.

Неверојатно возбудливо беше денеска во леверкузен. По оние 2:2 во Азербејџан, лидерот во Бундеслигата вечерва беше на работ на бездната, но чудесно се врати за победа и пласман во четвртфиналето со два гола во судиското продолжение.

Храбриот Карабах успеа да поведе со 2:0 на гостувањето вечерва, но и да остане со играч помалку. Германците најпрво со голот на Фримпонг намалија на 1:2, но кога се чинеше дека изненадувањето е неминовно, ревервистот Патрик шик со голови во 93. и 97. минута направи целосен пресврт за победа од 3:2 и пласман во следната рунда.

Брајтон само чесно го заврши настапот во ова натпреварување откако на домашен терен минимално со 1:0 ја победи Рома. Поразот од 4:0 на првиот меч беше пресуден за елиминација на Англичаните.

Аталанта успеа со пресврт, сепак, да слави против Спортинг на домашен терен и да го потврди пласманот меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Гостите погодија преку Педро за водство од 1:0, но Италијанците не се предадоа и со головите на Лукман и Скамака направија целосен пресврт во вториот дел. Со оваа победа и ремито (1:1) на првиот меч, Аталанта оди во четвртфиналето.

ПретходноКЛ: Астон Вила доминираше со Ајакс, Олимпијакос се врати за продолженија
СледноДетали за Чаир: Помошниот тренер на МЗТ „изел“ ќотек, едвај влегол во соблекувалната