Одбојкарите ќе имаат две контроли со Романија пред почетокот на Златната лига

115

Македонската одбојкарска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари пред стартот на новото издание на Европската Златна лига ова лето. Како што потврдија од канцеларијата на Одбојкарската федерација на Македонија, нашиот национален тим на 10 и 11 мај ќе биде гостин на соодветната репрезентација на Романија со која ќе тестираме пред првиот турнир од Златната лига кој ќе се одржи во Македонија.

Романците, исто како и ние се дел од Златната Лига, но со нив нема да имаме пресметка во рамките на лигашкиот дел. Ние на првиот турнир кој ќе се одржи во нашата земја ќе се сретнеме со Естонија и Чешка, две исклучително силни и квалитетни репрезентации.

Собирот на нашите ракометари како дел од подготовките за новото учество во Европската Златна лига ќе биде на 2 мај.

ПретходноПРОМОЦИЈА: Митревски „Добредојде дома“ (ФОТО)
СледноТФТ со фуриозно второ полувреме до победа над Еуро Никел