Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Она што денеска го најавија битолските „зелено-бели“, попладнево доби и официјална промоција.
Никола Митревски стави параф на договорот со шампионот и од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Е. Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот.