Салах со нов рекорд: Прв фудбалер на Ливерпул кој седум сезони постигнува најмалку 20 гола! (ВИДЕО)

126

Мохамед Салах во првото полувреме на мечот со Спарта Прага во реванш осминафиналето во Лигата на Европа постигна еден гол за „црвените“ (ВИДЕО) и испиша нова историја за клубот од „Енфилд“. Имено, Египќанецот седмипат во низа постигна најмалку 20 гола во една сезона за Ливерпул.

Напаѓачот на Ливерпул досега на мечот вечерва имаше и две асистенции. Голот кој го постигна беше 20-ти сезонава, четврти во Лигата на Европа.

Со ова стана првиот играч во историјата на клубот кој стигнал до оваа граница во седум последователни сезони.

ПретходноЕвролига: Ц. Звезда водеше со 18 поени разлика и на крајот загуби од Макаби ТА
СледноРеал испратил писмо до Франција дека Мбапе нема да игра на ЛОИ во Париз