Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Мајами

1663

И покрај тоа што беше пријавен, Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами. Турнирот од серијата 1000 ќе се одржи 20 до 31 март.

Најдобриот „рекет“ нема титула од почетокот на годината, што ретко му се случуваше во текот на неговата импозантна кариера. Во Индијан Велс беше елиминиран веќе во третото коло, па можеби и тоа е причина за откажувањето на настапот во Мајами или повторно станува збор за некоја повреда.

Што се однесува до Мастерсот во Мајами, Новак не учествувал на турнирот од 2019 година.

ПретходноТФТ со фуриозно второ полувреме до победа над Еуро Никел
Следно(У15): Втор пораз на тест-натпреварите со Хрватска