Ја одби Србија за да игра за Белгија, но доби „рампа“ од ФИФА

1939

Фудбалската репрезентација на Србија остана без Миле Свилар кој преку клупските челници на Рома соопшти дека нема да се јави на повиокот на селекторот Драган Стојковиќ за мартовските пријателски натпревари. Тој сака во понатамошниот тек од кариерата да брани за Белгија, но тоа не е можно.

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Доменико Тедеско откри дека синот на легендарниот Ратко Свилар не може да ја промени репрезентацијата поради пропозициите на ФИФА. Свилар има еден настап за сениорската репрезентација на Србија и тоа на 21 година и поради тоа не може да ја промени селекцијата.

Тие 45 минути во пријателски меч против Катар му прават проблем, а единствена репрезентација за која може да настапува во иднина е српската. А самиот играч, роден во Антверп, без да размисли се занесе и покажа дека нема желба да игра за Србија туку за Белгија, но поради пропозициите на ФИФА тоа не е можно, па прашање е дали некој од селекторите на Србија ќе го повика во националниот тим.

На голот на Србија моментално се Вања Милинковиќ-Савиќ, Ѓорѓе Петровиќ и Предраг Рајковиќ.

ПретходноЛЕ и ЛК: “Тумба“ ги чека Ристовски и Динамо, тимот од Загреб е на чекор до 1/4 финале!
СледноБелгија го задржа селекторот до 2026 година