Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во Ларнака.
Ѓорческа по голема борба успеа да ја совлада Италијанката, Матилде Паолети со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 7-5.
Нашата најдобра тенисерска во четвртфиналето ќе игра против Русинката Ксенија Зајцева која во моментов е на 439. место на ВТА листата.
Инаку, наградниот фонд на ИТФ фјучрсот изнесува 35.000 долари.