Белгија го задржа селекторот до 2026 година

123

Фудбалската федерација на Белгија и селекторот на репрезентацијата Доменико Тедеско го продолжија договорот до летото 2026 година. Претходниот договор на германско-италијанскиот стручњак истекуваше по ЕП 2024 година, па двете страни се договорија да го продолжат до завршувањето на СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Белгија со Тедеско заврши прва во групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 без пораз.

Во претстојниот период Белгија ќе одигра два пријателски натпревари, првиот против Ирска и потоа против Англија.

Тедеско ќе го нема на располагање Кевин Де Брујне кој се повреди, а на списокот се двајца дебитанти, голманот Томас Камински кој настапува за Лутон и дефанзивецот Јорне Спилерс од Клуб Бриж.

ПретходноЈа одби Србија за да игра за Белгија, но доби „рампа“ од ФИФА
СледноГолманот Стојановски го продолжи договорот со Бутел