Во дерби дуелот од 20. коло на домашниот кошаркарски шампионат, екипата на ТФТ на домашен терен убедливо го порази Еуро Никел со 73:56 и со тоа се израмни по бројот на остварени победи со својот денешен ривал. Кавдарчани одиграа под очекувањата, а ТФТ успеа да дојде до посакуваната победа со фуриозна игра во вториот дел.
Третиот период домашните го завршија со предност од 10 поени, на што придодадоа одлична партија и во последните 10 минути, на која Еуро Никел немаше одговор. И двата тима со скор од 13 победи и 7 порази се на делба на 4. место.
На денешниот дуел кај екипата на ТФТ одличен настап имаа Луис и Николов кои постигнаа по 12 поени. Кај екипата на Еуро Никел Смит Меквин заврши како најефикасен на паркетот со 19 поени.