Убедливо деби на Сигурдсон, Хрватска ја растури Австрија

2830

Квалификациите за ОИ 2024 година стартуваа според очекувањата. Во центарот на вниманието по првите мечеви се најде новиот селектор на Хрватска, Дагур Сигурдсон. Во своето деби на клупата на „коцкестите“ запиша убедлива победа, ја совлада Австрија со 35-29.

Срна и Шоштариќ со пет гола беа лидери кај победникот, на другата страна Божовиќ постигна исто толку погодоци.

Во истата група која се игра во Хановер, Германија без проблем го доби дуелот со Алжир, беше подобра со 41-29.

Во групата А, Шпанија славеше против Бахреин со 39-27, додека пак на втората средба беше вистинска драма со среќен крај за Словенија, го порази Бразил со 27-26.

Норвешка ја совлада Португалија во дербито во групата 3 со 32-29, додека пак Унгарија беше подобра од Тунис со 33-24.

ПретходноПрекин во Чаир: На полувреме нападнати кошаркарите на МЗТ Скопје А.
СледноКЛ: Астон Вила доминираше со Ајакс, Олимпијакос се врати за продолженија