ЛК-1/4 финале ждрепка: Балканот ќе “гори“, Олимпијакос против Фенер!

248

Попладнево во Нион се одржа и ждрепката за 1/4 и 1/2 финалето во Лигата на Конференции. Најинтересно ќе биде на двомечот меѓу Олимпкијакос и Фенербахче. Астон Вила за ривал го доби Лил. Клуб Бриж ќе го одмери силите со ПАОК а Плзен се среќава со Фиорентина.

Ова се сите двојки од 1/4 финалето во Лигата на Конференции:

Image

КЛУБ БРИЖ – ПАОК

ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ

АСТОН ВИЛА – ЛИЛ

ПЛЗЕН – ФИОРЕНТИНА

Мечевите од оваа фаза се играат на 11 април, а реваншите на 18 април.

Одредени беа и евентуалните двојки во полуфиналето, а тоа се:

АСТОН ВИЛА – ЛИЛ/ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ

ПЛЗЕН – ФИОРЕНТИНА/КЛУБ БРИЖ – ПАОК

Полуфиналните дуели ќе се играат на 2 мај а реваншите на 9 мај.

Големото финале се игра на 29 мај на АЕК Арената во Атина.

ПретходноЛина преку Зајцева лесно до 1/2 финалето во Ларнака!
СледноИН МЕМОРИАМ: Мирољуб Лалевски – Нини (1939-2024)