ЛШ-1/4 и 1/2 финале ждрепка: Во очекување на мега – пресметки, тука се Сити, Реал, Барса, Баерн, ПСЖ…

632

Денеска точно на пладне во Нион ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето, а потоа и можните двојки за полуфиналето, во Лигата на Шампионите за тековната сезона. Нема веќе “диригирана“ ждрепка, сите осум екипи се ставаат во еден барабан и може да се падне секој со секого, ова е за четвртфиналето. Потоа ќе се влечат и можните двојки за полуфиналето.

Со оглед на тоа какви се екипи стигнаа до оваа фаза јасно е дека се очекуваат мега – пресметки за четвртфиналето, а за полуфиналето и да не говориме.

Имаме три екипи од Шпанија, по две од Англија и Германија, и една од Франција.May be an image of football, soccer and text that says 'QUARTER-FINALISTS Arsenal FCB 5 BAYERN MUNCHEN BVB 09 WANCHESTER PARIS CITY SAIN'

ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ:

Арсенал (АНГ), Атлетико Мадрид (ШПА), Барселона (ШПА), Баерн Минхен (ГЕР), Борусија Дортмунд (ГЕР), Манчестер Сити (АНГ), ПСЖ (ФРА), Реал Мадрид (ШПА).

Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 9/10 и 16/17 април, додека полуфиналните средби се закажани за 30 април/1 мај и 7/8 мај. Додека финалето се игра на “Вембли“ во Лондон на 1 јуни.

Денеска во Нион, секако во длабока сенка на ждрепката во ЛШ, ќе се одржат и ждрепките за 1/4 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

ПретходноДетали за Чаир: Помошниот тренер на МЗТ „изел“ ќотек, едвај влегол во соблекувалната
СледноОд Чаир порачаа: МЗТ Скопје измислува!