Од Чаир порачаа: МЗТ Скопје измислува!

411

Чаир и МЗТ Скопје не го доиграа мечот од 20. коло во Првата лига. Истиот беше прекинат на полувремето, откако целиот тим на актуелниот македонски првак прво на патот на соблекувалната добил сериозни закани по живот, а потоа еден од помошниците бил физички нападнат, удрен неколку пати.

Синоќа доцна, се огласи и Чаир, кој вели дека ништо од тоа не се случило и дека МЗТ Скопје измислува.

„Супер натпревар, блескава атмосфера, преполна спортска сала и вечер која ќе остане долго во нашите спомени.

Што се однесува до вестите и лагите кои се шират во јавноста, ги демантираме потполно со доказ дека целиот натпревар е сниман од сите агли, од медиумите и исто така од други камери. Наводниот инцидент е измислен од противничкиот клуб, кој како и секогаш, во моментите кога гледаат дека губат, лансират невистински работи.

Гарантираме дека во ниеден момент немаше физички контакт“, се вели во соопштенито на Чаир.

ПретходноЛШ-1/4 и 1/2 финале ждрепка: Во очекување на мега – пресметки, тука се Сити, Реал, Барса, Баерн, ПСЖ…
СледноДрама на Индијан Велс: Алкараз избега од теренот (ВИДЕО)