Екипата на Болоња им се врати на победите во Серија А. По поразот од Интер минатото коло, вечерва тимот на Тијаго Мота впиша нови бодови на гостувањето кај Емполи и тоа благодарение на гол во 95 минута.
Се чинеше дека на стадионот „Карло Кастелани“ двата тима ќе освојат по бод, но во петата минута од судиското продолжение одбиената топка од домашниот голман, Џовани Фабијан ја смести во мрежата.
Болоња ја запиша 15-тата победа сезонава во 29-тиот меч и го чува четвртото место на табелата кое води во ЛШ идната сезона. Тимот сега има шест бода повеќе од најблискиот конкурент Рома. А „волчицата“ ова коло ќе игра против Сасуоло.