Бостон прв до плеј-офот во НБА-лига (ВИДЕО)

85

Бостон е првиот тим кој успеа да обезбеди место во НБА плеј-офот. Селтикси на домашен терен го совладаа Феникс со 127-112 и дојдоа до 52-та победа овааа сезона. Со скор од уште 14 порази се на првото место на табелата во Источната конференција.

Браун со 37 поени беше прв стрелец, зад него беше Тејтум со 26 поени, пет скока и пет асистенции, два поени помалку имаше Хорфорд. На другата страна Вукер имаше 23 поени.

На останатите средби Чикаго беше празен од ЛА Клиперс со 111-126, Хјустон го совлада Вашингтон со 135-119, додека пак Милвоки славеше против Филаделфија со 114-105. Оклахома го порази Далас со 126-119, додека Портланд на домашен терен беше совладан од Њујорк со 93-105.

ПретходноДрама на Индијан Велс: Алкараз избега од теренот (ВИДЕО)
СледноУбедлив триумф за Вашингтон, Јакимовски со среќна 13-ка (ВИДЕО)