„Десетката“ на Германија да заигра за Македонија

19826

Името на Раул Карлос Васко Калдароска Паула за нашата јавност во моментов е тотална непознаница, што не значи и дека така ќе остане.

Играчот на германски Штутгарт, има потекло од Македонија што може да се увиди и од неговото целосно име, поточно од дел од него. Конкретно, момчето родено во местото Бомблинген, Германија, има татко кој што е од Португалија, но неговата мајка е од Македонија, поточно од Прилеп.

Тој досега има настапувано исклучиво за „Панцирите“ што е и нормално, а има забележано шест настапи и има постигнато два гола.

Класична „десетка“, која што „оперира“ по средината на теренот, но одговара и на левата круилна позиција.

Според првичните информации, Раул Паула, има германско но и португалско државјанство, а Македонија треба да се погрижи да го привлече во своите редови.

СпортСпорт своевремено пишуваше за Беихан Аметов кој што исто така во младинските категории на Германија имаше настапи со дресот со број 10, но неговата кариера, иако беше исполнета со настапи за Келн односно Борусија Дортмунд, не ги достигна очекувањата.

Од друга страна пак, сеуште активен за нас е Сејдо Дураков, момчето кое што настапува за Баерн Минхен, секако во младинските категории и кои што има потекло од Виница.

Раул Паула за информација во моментов е дел од тимот на Штутгарт но поголемиот дел од минутажата ја добива во вториот тим. Тој е 2004 годиште.

 

ПретходноЕкс-италијански репрезентативец: Зависник сум од алкохол и дрога
СледноКаде оди светот? Првиот фудбалер кој јавно призна дека е геј си го запроси своето момче!