Дуелот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев на Индијан Велс беше прекинат поради рој пчели. Летаа на сите страни, го нападнаа Шпанецот и тој веднаш со рекет в рака истрча кон соблекувалната.
🐝🐝🐝 ¡Lo nunca visto! El partido entre Alcaraz y Zverev se suspende por un brutal ataque de abejas en la pista de #IndianWells
¡Tuvieron que irse a vestuarios! pic.twitter.com/sCEw8vFajd
— MARCA (@marca) March 14, 2024
Ваквите сцени се невидени, особено дека станува збор за голем турнир, но секако многу непријатна за сите што беа на теренот. Затоа судијата итно донесе одлука да го прекине дуелот, а тенисерите да се повлечат додека не се смири ситуацијата.
Откако целата ситуација се смири и еден од вработените со машина успеа да ги тргне пчелите, Алкараз немаше проблеми, кој рутински го совлада германскиот тенисер со 6:3, 6:1 и помина во полуфиналето каде го чека Јаник Синер.
Младиот Италијанец во подем, исто така, рутински го доби својот меч против Јиржи Лехечка со 6:3, 6:3 и продолжи да собира АТП бодови во трката за првото место на Новак Ѓоковиќ.