ЕВРОЛИГА: Реал Мадрид ја прекина серијата на порази

149

Кошаркарите на Реал Мадрид впишаа победа на гостувањето кај Виртус Болоња со резултат 89:74 во рамките на Евролигата и така ја прекинаа серијата на порази. Иако и понатаму е прв на табелата, Реал Мадрид нанижа три порази, односно немаше победа од почетокот на февруари па се до вечерва.

Мадриѓаните лесно играа во Болоња, се им одеше од рака и имаа предност од самиот старт па се до крајот. Реал ја впиша 23 победа во 29 меч во Евролигата, а Болоња е во борба за плеј-офот на седмата позиција.

Најефикасни кај Реал беа Јабуселе со 15 поени и Поитие со 14. Кај Болоња Кординие постигна 12 поени.

На другите натпревари Асвел го совлада Ефес со 84:80, а Баерн славеше против Жалгирис со 64:58.

ПретходноСпалети со тројца дебитанти за престојните пријателски натпревари
СледноБолоња го чува местото за ЛШ – со гол во 95. минута го победи Емполи