Поранешниот фудбалер на Јувентус, Дани Освалдо на социјалните мрежи откри дека се соочува со бројни проблеми по завршувањето на фудбалската кариера. Поранешниот напаѓач се бори со депресија, се наоѓа на психијатриско лечење и пробува да се одвикне од алкохолот и дрогата.
Освалдо играше за неколку клубови во Италија, играше и за клубови од Англија и Аргентина, ги потрошил парите што ги заработил, а открива дека не работи, ретко станува од кревет и ретко ја напушта собата.
„Не ми оди добро. Чувствувам потреба да кажам дека извесно време се борам со депресија која ме доведе и до зависност од алкохол и дрога. Чувствувам дека животот ми излегува од контрола“, раскажува Освалдо.
„Сега сум на психијатриско лекување. Земам лекови, често ја губам самодовербата, лесно паѓам во депресија и зависност. Живеам заклучен во куќата. Излегувам од собата само кога треба да јадам“, додава Освалдо.
Поранешниот репрезентативец на Италија има три деца со две жени. Додека беше фудбалер се пишуваше за него дека е голем заводник, а меѓу играчите бил омилен затоа што ширел позитивна енергија.
„Некогаш бев врвен играч, сега потполно друга личност. Оваа личност не ја познава. Тешко ми е да разликувам што е реално, а што не. Сакам да бидам тоа што бев претходно“, изјави Освалдо.