Се одигра првиот меч од 26 коло во Бундес лигата, а Келн на домашен терен е демолиран од РБ Лајпциг со 1:5. Чави Симонс го отвори резулатот во 15 минута, а домашните изедначија преку Адамјан три минути подоцна.
Нерешено беше се до 63 минута, а потоа гостите од Лајпциг ја наполнија мрежата на противникот. Два гола постигна Опенда, по еден Хаидара и Полсен.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана цел меч на клупата на Лајпциг.
Ова е 15-та победа за Лајпциг сезонава, а е на четвртото место на табелата со 49 бодови. Келн е на 16. позиција со само 18 бодови.
Дома Меѓународен фудбал Германија Келн против Лајпциг се држеше до 63 минута, а потоа следуваше потоп,...