Лина преку Зајцева лесно до 1/2 финалето во Ларнака!

189

Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до полуфиналето. Таа денес во четвртфиналето ја совлада младата тенисерка од Русија Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (62 62) за 97 минути игра. Нашата тенисерка имаше одлична реализација на брејк топките 4/6, а воедно не и дозволи на ривалката ниту еден брејк од девет шанси. Според бројот на поени беше 73:51 за Ѓорческа.

Првиот сет Ѓорческа „го отвори“ со водство од 2:0 и таа предност ја имаше до 4:2 во гемови, а потоа со уште два гема го заврши сетот со 6:2. Во вториот сет нашата тенисерка беше уште поубедлива и поведе со 4:0, а потоа само ја реализираше предноста и сетот повторно го заврши со 6:2 во гемови.

За пласман во финалето утре во полуфиналната пресметка нејзина противничка ќе и биде Италијанката Нурија Бранкачио (23 години, 240. то место ВТА) која со 2-0 во сетови (76(3) и 63) ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија.

ПретходноЛЕ-1/4 финале ждрепка: Милан против Рома, Клоп ја доби Аталанта…
СледноЛК-1/4 финале ждрепка: Балканот ќе “гори“, Олимпијакос против Фенер!