Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра првиот пријателски натпревар против Романија. Истиот по договор на двајцата селектори е затворен за јавноста, а по првите 30. минути води нашиот национален тим, резултатот е 15-16.
Дуелите со Романија се во рамките на подготовките за бараж мечот против Фарски Острови во мај за пласман на СП 2025 година.
Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров на оваа средба не смета на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ, сите се повредени, додека на голот го нема Никола Митревски, кој е ослободен во оваа ЕХФ недела.