По репрезентативецот Никола Митревски, Е. Пелистер, како што објави официјално, за следната сезона договори уште еден голман.
А тоа е Филип Ивиќ. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.
195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со нашиот клуб.
Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.