Ракометарите на „мегдан“ со Романија, а со мислите кон Фарски Острови

136

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра првиот од двата контролни натпревари против Романија во рамките на ЕХФ неделата. Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров на гостувањето во Браила поведе 17 ракометарите, од првичниот список поради повреда отпаднаа Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриноски и Павле Атанасијевиќ.

Првиот натпревар е закажан за 17 часот по македонско време, и истиот по договор на двата селектори ќе биде од затворен карактер. Додека пак утрешната средба ќе се игра пред публика и истата ќе биде директно пренесувана на ТВ Про Арена.

Пријателските натпревари со Романија се одличен тест за нашите ракометари пред бараж мечевите против Фарски Острови во мај за пласман на СП 2025 година.

ПретходноТимчо Муцунски: Остро го осудувам инцидентот, во спортот нема простор за насилиство и агресија!
СледноИма договор: Игор Тудор на клупата на Лацио!