Ретклиф платил сериозно обештетување за промените во Јунајтед

262

Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, плати 5,5 милиони фунти како обештетување на поранешниот извршен директор на клубот Ричард Арнолд.

Разделбата беше еден од првите потези на новите власти на патот кон големи промени на Олд Трафорд. Уште во декември, кога беше јасно дека ИНЕОС влегува во Манчестер Јунајтед, иако зделката се уште не беше официјално објавена, Арнолд најави дека ќе си замине по 16 години минати во клубот.

Според податоците од привремениот финансиски извештај на Јунајтед, на Арнолд му биле исплатени 5.529.000 фунти како компензација, објави Тајмс.

Клубот веќе објави кој ќе ја преземе улогата на Арнолд. Ова е поранешниот шеф на фудбалските операции на Манчестер Сити, Омар Берада.

ПретходноОсимен го “откачил“ Челзи, ќе потпише за Арсенал!
СледноАнчелоти за двомечот со Пеп: Манчестер Сити веројатно е најдобриот тим во Европа во моментов!