Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ, би можел ова лето да направи трансфер во славниот Манчестер Јунајтед. Оваа вест попладнево ја лиферуваат медиумите во Хрватска. За соиграчот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, клубот од “Олд Трафорд“ и тоа како бил заинтересиран.
Имено на мечот против ПАОК во Загреб минатата недела, во ложата на “Максимир“ биле и претставници на Јунајтед, но за Мартин Батурина, сепак тие биле презадоволни од настапот на Петковиќ.
Како што е познато Петковиќ пред извесно време беше поврзуван со трансфер во Трабзонспор, клуб кој за него нудеше 5 милиони евра и беше одбиен.
Се напоменува дека за 10 милиоини евра Динамо Загреб секако дека нема да му прави проблем на својот играч за овој можен трансфер на “Олд Трафорд“.