Сигурдсон со еден потег ги “купи“ хрватските фанови!

1110

Дагур Сигурдсон, новиот селектор на најдобрата ракометна селекција на Хрватска уште на своето деби покажа како треба. И не само поради убедливата победа над Австрија во меч од квалификациите за ОИ во Париз, туку најмногу поради потегот при интонирањето на хрватската химна пред да почне натпреварот.

Кога видел дека сите играчи ја ставаат едната рака на срцето и тој тоа го направил, без разлика што не е Хрват туку Исланѓанец.

Сепак Сигурдсон со ова покажал дека сега е дел од селекцијата на Хрватска и дека треба да се однесува како да е Хрват.

Овој негов потег ги воодушеви хрватски фанови.

ПретходноТен Хаг: Победа над Ливерпул може да значи пресврт на сезоната
СледноФиналниот турнир од одбојкарскиот Куп ќе се одржи во Штип