Спалети со тројца дебитанти за престојните пријателски натпревари

561

Селекторот на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети ги откри 28-те играчи за претстојните пријателски натпревари со Венецуела и со Еквадор во март. На списокот се дебитантите Раул Беланова, крилниот фудбалер на Торино, потоа Михаел Фолоруншо кој е играч на Наполи и е на позајмица во Фрозиноне, како и напаѓачот на Удинезе, Лоренцо Лука.

Италија ќе ги игра овие натпревари во Соединетите Американски Држави. Мечот со Венецуела ќе се игра на стадионот на Интер Мајами во Форт Лодердејл, додека против Еквадор на „Ред Бул Арена“ во Њујорк.

Од напаѓачи Спалети ги повика уште Киеза, Распадори, Ретегуи, Закањи и Заниоло. Во дефанзивниот ред Ди Лоренцо, Дармијан, Ачерби, Бастони, Бонџорно, Скалвини, Димарко, Удоги и Камбијасо. Во средниот ред се Барела, Бонавентура, Фратези, Жоржињо, Локатели и Пелегрини. На голманската позиција Донарума, Викарио, Мерет и Карнесеки.

ПретходноКелн против Лајпциг се држеше до 63 минута, а потоа следуваше потоп, Елмас на клупа
СледноЕВРОЛИГА: Реал Мадрид ја прекина серијата на порази