Судии за ПМФЛ: Дербито Вардар – Шкендија за Пилешков!

719

Викендов на програмата се шесте мечеви од 24.коло во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата ова коло. Па така честа да го суди дербито на Маџари каде играат Вардар и Шкендија, ја доби Димитар Пилешков од Штип. Струга ТЛ му гостува на Работнички на Арената во Скопј. Само овој меч се игра во недела, додека сите останати се играат утре, а на оваа средба главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 24.КОЛО – САБОТА (15 Ч)

Силекс – Брера: Александар Ставрев (Скопје)

Македонија ЃП – Тиквеш: Крунислав Ѓорѓиев (Штип)

Брегалница – Гостивар: Марјан Младеновски (Скопје)

Вардар – Шкендија: Димитар Пилешков (Штип)

Воска – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

НЕДЕЛА (15 Ч)

Работнички – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)

Претходно„Не ги слушајте навивачите и оставете го Алегри“
СледноТимчо Муцунски: Остро го осудувам инцидентот, во спортот нема простор за насилиство и агресија!