Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг зборуваше за престојниот дуел со Ливерпул во четвртфиналето од ФА купот кој ќе се одигра во недела.
„Не успеваме да влеземе во добра серија. Имавме шанси, но не ги искористивме. Во недела имаме нова можност. Играчите покажаа дека можат. Од јануари па до сега забележавме доста победи. Играчите треба да веруваат во своите можности. Треба да веруваат дека можат да ги свртат работите“, сподели Тен Хаг.
„Против Ливерпул треба да го покажеме најдоброто од нас. Очекувам тежок меч и спремни сме. Ги знаеме нивните силни и слаби страни. Победа може да значи и пресврт на сезоната“, додаде Холанѓанецот.
Манчестер Јунајтед ќе биде засилен со Хојлунд, Мегваер и Ван-Бисака кои почнаа да тренираат по повредите. Мејсон Маунт исто така тренира но не е на нивото на кое е потребно да биде.