Тимчо Муцунски: Остро го осудувам инцидентот, во спортот нема простор за насилиство и агресија!

207

Инцидентот во Чари за време на дуелот меѓу истоимениот тим и МЗТ Скопје остави црна дамка не само во кошарката, туку на целиот спорт во Македонија. Поради напад на еден од помошните тренери на актуелниот првак за време на одморот меѓу двете полувремиња и обид за физички напад на другите членови, од таборот на „сино-белите“ одлучија да не се вратат на теренот.

Во јавноста денеска се огласи и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцински, кој го осуди вчерашниот инцидент потенцирајќи дека во спортот нема простор за насиливство и агресија. Тој побара од КФСМ да ги превземе сите мерки за расчистување на случајот.

Целиот став на „таткото“ на Општина Аеродром ви го пренесуваме во целост.

„Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија
Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови KK MZT Skopje Aerodrom и Чаир – настан што кај сите нас предизвика сериозна вознемиреност и загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите.
Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.
Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, неопходно е Кошаркарската федерација и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување. Во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени“. 

ПретходноСудии за ПМФЛ: Дербито Вардар – Шкендија за Пилешков!
СледноРакометарите на „мегдан“ со Романија, а со мислите кон Фарски Острови