Македонската кадетска ракометна репрезентација ја доби првата пријателска средба во рамките на ЕХФ неделата. Избраниците на Наум Танески на гостински терен кај Црна Гора славе со убедливи 28-20.
Според информациите, нашите ракометари без проблем дошле до триумфот, во текот на целиот меч ја имале контролата на резултатот.
Денеска се игра втората средба, истата е закажана во 13 часот.
Контролните натпревари се подготовка за настап на на ЕХФ ЕУРО кое ќе се игра токму во Црна Гора.