Финалниот турнир од одбојкарскиот Куп ќе се одржи во Штип

229

Екипите на Струмица 47&72 и на Работнички Скопје ќе ги бранат трофеите од Купот во македонската одбојка на завршниот турнир којшто годинава ќе биде одржан во Штип од 21-ви до 24-ти овој месец. На денешната ждрепка, струмичани за противник ја добија Лирија, а Работнички 71&22 ќе се сретне со домаќинот Штип УГД. За разлика од лани во Радовиш, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе учествуваат три нови тимови, затоа што сега меѓу четирите ги нема ГОК Борец, Шкендија и Универзитет во Тетово.

Кај дамите, ланските освојувачки од Работнички Скопје ќе играат со првопласираниот состав во првенството, Струмица жени, а минатогодишните финалистки од Наковски волеј ќе сервираат против Јанта волеј. Полфиналето кај одбојкарите е закажано за четврток (21-ви март), одбојкарките ќе играат ден потоа (петок 22-ри март), а двете финалиња се закажани за в недела на 24-ти, женското од 12, а машкото од 15 часот.

Полуфинале (мажи) – четврток 21.03.2024

17.00 Работнички 71&22 – Штип УГД

20.00 Лирија – Струмица 47&72

Полуфинале (жени) – петок 22.03.2024

17.00 Струмица жени – Работнички Скопје

20.00 Наковски волеј – Јанта волеј

Финале – недела 24.03.2024

12.00 Финале (жени)

15.00 Финале (мажи)

ПретходноСигурдсон со еден потег ги “купи“ хрватските фанови!
СледноГонзо го победи Бербатов во трката по претседателскатеа функција на БФС