Чаир и МЗТ Скопје мечот ќе го доиграат утре, домаќинот тврди дека одлуката на КФСМ е спорна

359

Натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје ќе продолжи утре. Добро е познато дека овој натпревар беше прекинат на полувремето при резултат 42-44 кога гостите одлучија да не излезат на терен, откако на патот кон соблекувалната целиот тим добил закани, а додека еден од помошниците бил и фички нападнат.

Денеска КФСМ се огласи за инцидентот, ги изрече казните и му наложи на домаќинот веднаш да закаже нов термин за да се доигра средбата.

Чаир излезе со реакција и потврди дека мечот ќе се доига утре во 21 часот, без присуство на публика бидејќи доби казна по таа точка.

Воедно од клубот потенцираа дека одлуката е спорна и штетна, верувајќи дека токму тие ќе победат.

ПретходноМакедонија води на полувремето против Романија
СледноГрузиецот Орјоникидзе го продолжи договорот со Охрид