Денешната ждрепка во Нион за 1/4 финалето во Лигата на Шампионите донесе спектакл. Во оваа фаза од натпреварувањето се среќаваат Реал Мадрид и Манчестер Сити, јасно е дека тоа ќе биде спектакл. Веројатно и финале пред финалето. Двомеч во кој се среќаваат најтрофејниот клуб во ЛШ и актуелниот првак на Европа.
Тоа ќе биде и тренерски дуел меѓу Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола.
По денешната ждрепка свој коментар имаше и Карло Анчелоти, стратегот на “кралевите“:
“Манчестер Сити веројатно е најдобриот тим во Европа во моментов. Сепак ние сме Реал Мадрид, познати се нашите амбиции. Ако сакаш да дојдеш до пехарот во ова натпреварување тогаш мора да биде подобар од Сити. Не е важно тоа што реваншот се игра во Манчестер. Кај нас преовладува оптимизам, тоа ќе биде одлинчно четвртфинале“ рече покрај другото Дон Карло.