Тимот на Кемниц, во чиј стручен штаб е македонскиот тренер, Ѓорѓи Кочов обезбеди пласман меѓу четирите најдобри екипи во ФИБА Европа Купот. Бундес-лигашот на реванш мечот на домашен терен славеше против Сарагоса со 102-86 и го оствари најголемиот успех во својата историја со самиот пласман во полуфиналето на ова натпреварување.
Противник на Кочов и неговиот тим во полуфиналето ќе биде Билбао. Втората полуфиналната двоја ја сочинуваат Бахчешехир и Варезе