Попладнево во Нион се одржа и ждрепката за 1/4 и 1/2 финалето во Лигата на Конференции. Најинтересно ќе биде на двомечот меѓу Олимпкијакос и Фенербахче. Астон Вила за ривал го доби Лил. Клуб Бриж ќе го одмери силите со ПАОК а Плзен се среќава со Фиорентина.
Ова се сите двојки од 1/4 финалето во Лигата на Конференции:
КЛУБ БРИЖ – ПАОК
ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ
АСТОН ВИЛА – ЛИЛ
ПЛЗЕН – ФИОРЕНТИНА
Мечевите од оваа фаза се играат на 11 април, а реваншите на 18 април.
Одредени беа и евентуалните двојки во полуфиналето, а тоа се:
АСТОН ВИЛА – ЛИЛ/ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ
ПЛЗЕН – ФИОРЕНТИНА/КЛУБ БРИЖ – ПАОК
Полуфиналните дуели ќе се играат на 2 мај а реваншите на 9 мај.
Големото финале се игра на 29 мај на АЕК Арената во Атина.