Пораз за Македонија на првата контрола со Романија!

1399

Македонската ракометна репрезентација е поразена со 32-27 на првата пријателска средба против Романија во Браила. Овие два меча кои се дел од ЕХФ неделата се подготовка за она што „црвено-жолтите“ ги чека во мај, бараж дуелот против Фарски Острови за пласман на СП 2025.

Избраниците на Кирил Лазаров на полувремето водеа со 15-16. Пред 30 минута, нашите момци имаа предност од три гола (12-15). Сепак, противникот го доби вториот дел (20-12), на крајот славеше со 32-27.

Македонија во Романија отпатува во поинаков состав, без Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски. На голот го нема капитенот Никола Митревски.

Вториот натпревар се игра утре (17:30 часот по македонско време) и тој ќе биде отворен за јавноста, а истиот ќе биде директен пренесуван на Про Арена.

ПретходноГрузиецот Орјоникидзе го продолжи договорот со Охрид
СледноПеп за дуелот со Реал: Ова веќе станува традиција, трета година по ред играме со нив!