Сензационално: Соиграч на Ристовски и Адеми пред трансфер во Манчестер Јунајтед?!

416

Хрватскиот репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ, би можел ова лето да направи трансфер во славниот Манчестер Јунајтед. Оваа вест попладнево ја лиферуваат медиумите во Хрватска. За соиграчот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, клубот од “Олд Трафорд“ и тоа како бил заинтересиран.

Имено на мечот против ПАОК во Загреб минатата недела, во ложата на “Максимир“ биле и претставници на Јунајтед, но за Мартин Батурина, сепак тие биле презадоволни од настапот на Петковиќ.

Како што е познато Петковиќ пред извесно време беше поврзуван со трансфер во Трабзонспор, клуб кој за него нудеше 5 милиони евра и беше одбиен.

Се напоменува дека за 10 милиоини евра Динамо Загреб секако дека нема да му прави проблем на својот играч за овој можен трансфер на “Олд Трафорд“.

ПретходноИсториски успех за Кочов и Кемниц
СледноПелистер договори уште еден голман за новата сезона, во Битола доаѓа Хрватот Ивиќ! (ФОТО)