Бешикташ изедначи од пенал во 101. минута, но судијата го поништи голот за радост на противникот

1085

Бешикташ во 30 коло на Суперлигата е поразен на свој терен од Анталијаспор со 2:1. Овој меч донесе возбудлив финиш во кој се играше повеќе од 100 минути и е поништен пенал преку кој домашниот тим требаше да избори 2:2.
Гостите водеа со 0:2 на полувреме, на стартот на второто Бешикташ намалува преку Рашица. Во финишот на мечот пенал за Бешикташ. Рашица го изведе и ја погоди мрежата, но радоста ја прекина судијата.
По реакција од ВАР собата, пеналот е поништен. Причината е што Рашица два пати ја допрел топката кога го извел пеналот. Изедначувачкиот гол е поништен на радост на гостинските фудбалери.

ПретходноКрај на фантастичната победничка серија на Одермат во супервелеслаломот
СледноЛацио со победа над Фросиноне ја прекина серијата на порази