Бундеслига: Баерн губеше, па стигна до нова убедлива победа

129

Баерн прв прими гол, но на крајот стигна до нова и убедлива победа над Дармштад во рамките на 26. коло од Бундеслигата.  Скарке беше стрелец за 1:0 во 28. минута, па Мусиала успеа да го израмни резултатот во 36. минута, за Хари Кејн целосно да го сврти резултатот во првата минута од судиското надополнување.

Токму Мусиала зголеми на 1:3, а Серж Гнабри со гол во 74. минута од натпреварот зголеми на 1:4. Беше и 1:5 со голот за Баерн го постигна Матис Тел во третата минута од судиското надополнување, а минута подоцна Вилхелмсон ги постигна конечните 2:5.

Дармштад – Баерн 2:5

Мајнц – Бохум 2:0

Волфсбург – Аугсбург 1:3

Хајденхајм – Борусија Менхенгладбах 1:1

Унион – Вердер Бремен 2:1

ПретходноСпектакл во Маџари: “Комити“ направија супер атмосфера, Вардар може да жали што не ја нокаутира Шкендија! (ФОТО)
СледноИнграм и Вилијамс го поведоа Гостивар до втора победа по ред