Кошаркарите на ЛА Клиперс беа поразени со 104:112 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс, Зион Вилијамсон го предводеше домашниот тим до победата со 34 поени, седум скока и четири асистенции.
Првиот избор на драфтот во 2019 година изгледаше доминантно, беше на два коша од неговиот сезонски максимум. Тој особено импресионираше со својата акција на крајот од третата четвртина кога успеа да го истрча целиот терен за само 3,5 секунди и да реализира за предност на својот тим од 82:80.
Zion Williamson goes the length of the court in 3.5 seconds to beat the buzzer 🫨pic.twitter.com/VjgaYeUzJH
— Pelicans Nation (@PelsNationCP) March 16, 2024