Крај на фантастичната победничка серија на Одермат во супервелеслаломот

209

Швајцарецот Лоик Мелард е победник на последниот супервелеслалом во сезонава во Залбах во Светскиот куп и со тоа ја прекина победничката серија на Марко Одермат од 12 триумфи по ред во оваа дисциплина.
Одермат, инаку освојувач на „Кристалниот глобус“ за оваа сезона, излета од патеката и со тоа му го отвори патот до победата на Мелард (со време 2:36,27 минути). За Мелард ова е втора победа во супервелеслаломот во Светскиот куп, а севкупно четврта победа во кариерата во СК.
На второто место се пласира Жоан Верду со 0,71 секунди заостанување зад победникот. Трет заврши Томас Тумлер.

ПретходноМЗТ Скопје победник од пресметката со Чаир
СледноБешикташ изедначи од пенал во 101. минута, но судијата го поништи голот за радост на противникот