ФА КУП: Сити го совлада Њукасл, Ковентри во полуфинале прв пат по 1987 година

633

Екипите на Манчестер Сити и на Ковентри Сити се пласираа во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Во дербито на четвртфиналето, Сити го совлада Њукасл со 2:0 и продолжи понатаму во најстарото натпреварување во Англија. Головите ги постигна Бернардо Силва во првото полувреме.
А во Вулверхемптон драматична завршница. Второлигашот Ковентри се пласира во полуфиналето, за првпат по сезоната 1986/87 откако славеше на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:3 и покрај тоа што до 90 минута губеше со 2:1.
Ковентри поведе со гол на Симс во 53 минута, а домашните направија пресврт со голови на Аит Нури и Буено во 83 и 88 минута. Потоа, гостите во 97 и во 100 минута го свртија резултатот и обезбедија полуфинале.
Утре се играат другите четвртфинални средби: Челзи-Лестер и Манчестер Јунајтед – Ливерпул.

ПретходноТежок пораз на Тотенхем на „Крејвен котиџ“
СледноХрватска и Норвешка заверија олимписки билети