Винисиус збесна пред камерата: На секој меч судијата ми покажува жолт картон

1984

Реал Мадрид ја совлада Осасуна со 4:2 во Памплона, а на мечот Винисиус постигна два гола. Сепак, бразилскиот фудбалер ќе паузира на следниот меч поради картони.
Инаку во првото полувреме судијата му покажа на Винисиус жолт картон што е негов петти картон сезонава што автоматски значи суспензија од еден меч (нема да го игра мечот со Атлетик Билбао).
На полувреме Винисиус се упати кон камерата и извика: „На секој меч, судиите ми покажуваат жолт картон. На секој меч!“.
За Винисиус ова е четврти меч по ред кој го завршува со жолт картон. Во последните три сезони тој акумулирал 31 жолт картон. Во Реал само Камавинга има повеќе – 34.

ПретходноХрватска и Норвешка заверија олимписки билети
СледноМЗТ Скопје победник од пресметката со Чаир