Кошаркарите на Гостивар врзаа втора победа во низа во домашниот шампионат, откако денеска во претпоследниот меч од 20. коло со убедливи 82:102 славеа над екипата на Навико Академија ФМП. Гостиварци со оваа победа се чини го обезбедуваат и своето место во плеј-оф разигрувањето.
Првата и третата четвртина беа клучни за победата. Гостивар на почетокот на мечот и на почетокот на вториот дел одигра извонредно и не дозволи изненадување во финишот.
Одлична партија имаа Американците Инграм и Вилијамс кои заедно постигнаа 54 поени. Робертс со 22 поени беше најефикасен кај ФМП.